Од Кореја папата Фрањо упати нови пораки преку Твитер
На првиот ден од престојот во Кореја папата Фрањо упати пораки преку Твитер: „Боже благослови ја Кореја, а на посебен начин старите и младите во неа“.
Нешто покасно упати повик до светиот папа Иван Павле II: „Свети Иван Павле II моли за нас, а посебно за нашите млади“.
Истиот ден на Твитер е објавена уште една порака: „Маријо, Царице на мирот, помогни ни да го искорениме непријателството и да живееме во слога“.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан