Објавени упатствата за следната редовна Епископска синода за семејства
Во склоп на подготовките за редовната Епископска синода за семејство, која ќе се одржи од 4-25 октомври 2015 година, Секретаријатот на синодата на 9 декември 2014 година го објави подготвителниот документ познат со латинското име Lienamenta. На крајот од вонредната синода за семејство во октомври оваа година, папата Фрањо појасни дека завршниот извештај, т.н. Relatio synodi ќе служи како подготвителен документ за редовната синода следната година. Меѓутоа Секретаријатот на синодата состави и низа попратни прашања за Relatio.
Тие два дела од кои е составен Lienamenta се испратени на италијански јазик на епископските конференции, синодите на источните цркви, конференциите на монашките поглавари, како и на дикастериите на Римската курија. Овие денови ќе бидат преведени на повеќе јазици, како би можеле да послужат на сите кои се вклучени во пасторалот со семејства. Резултатите од советувањата за документот треба да се испратат до Секратаријатот на синодата до 15 април следната година, како би можел работниот документ за редовната синода Instrumentum laboris да се објави пред почетокот на летото.
Прашањата од Lineamenta, вкупно 46, се однесуваат на разновидни видици во поттикнувањето на вистинските семејни вредности, образование на клерот за пасторал со семејства, начини на кои Црквата може да биде присутна меѓу оние кои се одалечиле од верата, како и грижа за ранетите семејства, разведените кои склопиле повторно во граѓански брак.
РВ/го*ко