Во четврток 12 декември 2019 година на конференцијата за медимуи во Канцеларијата за печат при Светиот Престол е претставена пораката на папата Фрањо за 53. Светскиот ден за мир, кој Црквата го одбележува на 1 јанаури 2020 година.
Пораката ја претставија кардинал Петер Турксон, префект на Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој, секретарот на Диакстеријата о. Бруно Марие Дуге и професорката Габриела Гамбино, потсекретарка во Одделот за живот во Дикастеријата за лаици, семејство и живот.
Нема мир без надеж, затоа што надежта нѐ поставува на патот на мирот, додека безнадежноста и стравот ја зајакнуваат кревкоста во односите и ризикот за насилство – истакнува Папата и ги повикува луѓето да бидат миротворци, отворени за дијалог без исклучување и манипулација.
Потребно е еколошко преобраќање и нов поглед на животот. Човештвото копнее за мир. Папата потсетува дека војните и судирите се втисанти во човечкиот ум и тело и не прстануваат да рануваат, посебно сиромашните и немоќните. Траумите оставаат понижување, исклучување, тага, неправда како и систематски бес против сопствениот народ и семејство.
Целиот народ тешко се ослободува од веригите за искористување и корупција, кои предизвикуваат омраз и насилство. Мажите и жените, децата и старите лица се лишени од достоинството, физичкиот интегритет и слобода, вклучувајќи ја и она верската, стои во пораката.
Секоја војна е братоубиствена војна која го уништува и самиот проект на братство, кој е врежан во сржта на човештвото. Папата Фрањо објаснува дека војната често настанува поради неподносливост, различност, што воедно ја потпомага желбата за поседување и превласт. Војната произлегува од срце заразено со себичност, горделивост, омраза и негативни слики за другите. Војната е перверзија на односите, хегемонистичка алчност, злоупотреба на моќта, страв и слични фактори – објаснува Папата и потсетува на својот говор во Јапонија, истакнувајќи дека мирот и меѓународната стабилност се неспоиви со било кој обид со закани за разрушување и уништување. Тоа се постигнува со општа етичка соработка и солидарност. Папата постетува дека братството раѓа дијалог и доверба и наведува дека споменот на минатото поттикнува на мировна иднина и ја истакнува важноста за морална совест, лична и политичка волја, затоа што мирот се раѓа во човечкото срце и политичката волја, која треба секогаш одново да се обновува и да се отвора за новите процеси на помирување и обединување на луѓето и заедницата.
Ватикан њуз/к.мк