Ги носите ли малите деца во црквата? Иако е тоа голем предизвик, треба да се носат. Прочитајте што др. Попчак ги советува родтиелите.
Родителите честопати се чувствуваат збунети по прашање за носење на малите деца во црквата. Се грижиме малите да не пречат на некого или дека поради нив не би можеле да бидеме концентрирани на светата Литургија. Иако мораме да ги почитуваме луѓето околу нас, понекогаш може со тешкотии да ја следиме светата Литургија додека се обидуваме да ги утешиме плачливите бебиња или неуморното дете, факт е дека нашите деца се вредни членови на нашата верска заедница. Како крстени членови на Телото Христово, не само што е добро бебињата и децата да дојдат на Литургија, туку тие имаат и право да бидат таму. Папата Фрањо неодамна рекол: „Малите деца плачат, прават врева, шетаат. Но, ме живцира кога детето плаче во црката и тогаш некои велат дека тоа мора да оди надвор. Плачот на детето е Божји глас: никогаш не ги оддалечувајте од Црквата!“
Верски мозок
Родителите кои го оставаат детето дома „додека не е доволно возрасно“ пропуштаат важна фаза од детското верско воспитување. Воспитувањето почнува несвесно. Вашето бебе или дете би требало да има прилика или да му се даде прилика да го научи ритамот, сцената, звукот и мирисот на Литургијата пред да стане доволно возрасно за разбирање на светата Литургија. Духовноста почнува како Божји чувствителен повик кој со време поминува во одговор кој ја менува личноста. Ако го скратиме оваа воспитување, можеме силно да го отежнеме носењето на децата кон нивната лична средба со Христос.
Не пречи
Секако, постои разлика помеѓу она дете кое вришти и она дете кое гука. Од почит кон другите верници, родителите секогаш би требало да го оддалечуваат детето кое е гласно и не може да се утеши после отприлика една минута. Имајќи го тоа на ум, сите останати околу семејството со немирни деца имаат обврска да покажат разбирање, насмевка и вера дека родителите тоа „ќе го средат“. И Исус ги укорил апостолите кои ги тргнувале децата од Него.
Совети за успех
Признавам носењето на децата во Црква може да биде предизвик. Совети од книгата „Заедно да го откриеме Бог. Католички водич за воспитување на деца во верата“ може да им помогне на родителите во тој предизвик:
- Седете во предните редови.
Да, иако тоа не би го помислиле, децата подобро се однесуваат ако можат добро да гледаат што се случува. Како опција е исто така се и последните редови, блиску до излезот за да можете во секој момент кога детето ќе биде немирно да го земете во раце и тивко да излезете.
- Немојте веднаш да отидете во сакристијата или некоја друга странична просторија.
Бидете таму само додека не ги смирите децата, а тогаш вратете се на своето место. И вие и децата ќе имате поубаво искуство на Литургијата.
- Проценете кога треба да ги носите.
Ако морате да ги оддалечите надвор од Црквата, држете ги во раце цело време. Ако надвор му е дозволено да игра и трчи, всушност го учите дека тоа мора да плаче и да биде немирно за да може да си игра. Нека вашето дете има малку слобода во движењето додека е на столот, но никаква слобода ако треба да излезете. Дали детето е навистина вознемирено? Науката за мозокот докажала дека децата треба да ги милуваме за да може да им се помогне да се смират. Ако ве принудат да излезете, бидете љубезни, полни со сочувство, милосрдни и нежни, НО НИКАКО НЕ ГИ ИСПУШТАЈТЕ ОД РАЦЕТЕ. Кога ќе се смират, вратете се на местото.
- Забавувајте ги
На децата под 4 години може да им понесете тивки, меки играчки или книги, по можност со верска тематика. Чувајте ги во посебна торба за светата Литургија. Тоа ќе ги направи играчките посебни. Сепак, пред самата претворба обидете се да ги тргнете играчките. За време на подигнувањето покажете му ја хостијата и чашата и шепнете му нешто во стил: „Погледни чудо! Погледни го Исуса!“ Кажи: Те сакам Исусе!“.
- Не одете на Литургија одвоено
Ако се плашете дека нема да имате „корист“ од Литургијата ако ги однесете малите деца во Црква, сте ја промашиле вистинската смисла. Ќе добиете радост во пренесувањето на верата на нив. На тоа сте се согласиле кога станавте родител католик. Да, може да биде тешко, и да, можете да направите и некои други работи за потполнување на својот духовен живот, но неделната Литургија е за вашето семејство. Одете на неа како семејство.
Семејното одење на света Литургија може да биде предизвик, но запомнете, Бог изобилно ќе ги благослови оние кои му ги донесуваат најмалите помеѓу нас. „Затоа што на таквите им припаѓа Царството Небесно!“ (Матеј 19, 14)
Жена Врсна/к.мк