По успешното прикажување на долгометражниот филм The two Popes и филмот „Папата Фрањо – човек од збор“, аргентинскиот Папа повотрно се враќа на екраните во нова серија на Netflix.
Папата Фрањо наскоро ќе можеме да го гледаме во новата документарна серија на стриминг сервисот Netflix. Како што објави порталот Sky/tg24 и повереникот на Папата Антонио Спадаро, папата Фрањо во него се изразува за односите помеѓу генерациите. Серијата за прв пат ќе биде претставена на Rome Film Fest од 14 до 24 октомври, а од Божиќ може да се гледа и на Netflix.
Во серијата од четири дела „Stories of a Generation con Papa Francesco“ жени и мажи постари од 70 години на младите филмаџии, помлади од 30 години им зборуваат за универзалните животни прашања. Епизодите се насловени: Љубов, Соништа, Борби и Работа. Во нив меѓу останатото се појавува американскиот режисер Мартин Скорсезе и стручњакот за проучување на човечкото однесување Џејн Гудал. Животните искуства на поединци и парови од сите делови на светот делумно ги надополнуваат разговорите кои Спадаро ги води со Папата. Спадаро главен уредник на списаниет на Исусовците La Civiltà Cattolica стана познат затоа што после конклавите го водеше првото долго интервју со папата Фрањо.
Ова стримниг услуга претходно го понуди играниот филм Двајцата папи за папата Фрањо и неговиот претходник Бенедикт XVI. Филмот излезе во 2019 година. Во зимислена приказна Антони Хопкинс го глуми папата Бенедикт, а Џонатан Прис аргентискиот кардинал Хорхе Марија Бергољо подоцна папа Фрањо. Вистинскиот папата Фрањо уште во 2018 година настапи во филмот „Папата Фрањо – човек од збор“ на германскиот режисер Вим Вендерс.
Денешниот Римски епископ заради својата комуникативност и близината до луѓето е интересен за уметниците. Често е тема дури и на уличните графити по Рим и други градови. Тој пак со задоволство ја сака реалноста односно ги живее средбите и разговорите, што има прилика да понуди и во најавената документарна серија за старите лица и нивните сведоштва.
Ватикан њуз/к.мк