Нов филм за Фатима

Нов филм за Фатима

Вистинска приказна која веќе сто години привлекува милиони од целиoт свет…

Силниот и вдахнувачки новиот филм „Фатима“ ја следи чудесната приказна на три деца – Луција, Јацинта и Франциско на кои им се објавува Пресвеста Богородица. Нивната приказна за објавата вдахнува верниците ширум светот, но и филмската индустрија која овој пат направи исклучителен филм.

Во пресрет на премиерата на филмот Фатима која се одржа на 28 август неколку членови од екипата актери сподели за Национал Католик Регистер искуства и размислувања за филмот кој во петокот е прикажан во кината. Една од улогите ја има и актерот од Хрватска Горан Вишњиќ кој ги сподели своите впечатоци за улогата и пораката која ја носи филмот.

Хрватскиот актер во филмот го игра Артур де Оливеири Сантос атеист и неверен градоначалник чиј сопруга е верничка. „Во Португалија во тоа време црквата била ставена на работ на општеството, владата била против неа. Се обиделе Црквата да ја прикажат како празноверна. Сепак она важното растело во Црквата и луѓето ја пронашле Црквата. Се обидов да пронајдам некој вид на рамнотежа помеѓу двете реалности“ – рече Вишњич.

Вишњиќ верува дека овој филм Фатима ќе го видат сите без разлика дали се католици или не. „Ако пораката е навистина искрена, добра и позитивна, сите можат да ја препознаат… Важна е мислата, важна е пораката. За овој филм не е важно кој ќе го гледа – католици, протестанти, будисти или било кој – пораката на филмот е прекрасна. Таа се состои во тоа дека треба да се сакаме едни со други, а не да војуваме. Пораката е чиста позитивна и убава.

Своите впечатоци ги сподели и на социјалните мрежи: Се чувствувате како да се на неверојатно посебно место. Се чувствувате смирено, не сакам да кажам божествено. Но се чувствувате многу посебно и многу поинаку“ – сведочи хратскиот актер за своето поклоничко исксутво. „Снимањето беше посебно, не беше како снимање на некој друг филм…

Потсетуваме, Фатима е едно од наголемите католички светилишта на светот кое во 2017 година на 100 годишнина од објавата на Пресвета Богородица, го посетија повеќе од девет милиони луѓе.

Меѓугорје-инфо/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот