Нов празник: Блажена Девица Марија Мајка на Црквата

Нов празник: Блажена Девица Марија Мајка на Црквата

Спроведувајќи ја одлуката на папата Фрањо, со декретот од 11 февруари оваа година на 160 годишнината од првото објавување на Дева Марија во Лурд, Конгрегацијата за богослужби и Свети Тајни го одобри уписот на празникот „Блажена Девица Марија Мајка на Црквата“, во Општиот Римски календар. Сметајќи го за важно таинството на духовното мајчинство на Марија, која очекувајќи го Светиот Дух до Педесетница никогаш не престанала да се грижи како мајка на Црквата ходочасничка, Светиот Отец одреди понеделник после Духовден, да биде задолжителен празникот „Марија Мајка на Црквата“ за целата Црква од римски обред. Со тој споменден се истакнува во документот, Папата сака да се зголеми мајчинското чувство за Црквата во пастирите, монаштвото и верниците, како зголемувањето на искрената маријанска побожност.

Документот истакнува дека Марија во исто време е Мајка на Христос, Синот Божји и мајка на членовите на Неговото мистично Тело, односно Црквата. Исто така потсетува дека тој наслов е присутен во „чувството на Црквата“ веќе од свети Августин, а додека низ вековите Црквата ја почитува Марија со наслови кои на некој начин се соодветни, како што се гледа од пишувањата на духовните автори, како и во науката на Бенедикт XV и Лав XIII. Токму врз основа на ова блажениот Павле VI на крајот од третото заседание на Вториот ватикански собор ја прогласи Блажена Девица Марија за Мајка на Црквата, односно на целиот христијански народ. Во документот понатаму стои дека Апостолскиот Престол во 1975 година предложи заветна света Миса во чест на Мајката на Црквата, која потоа е вметната во римскиот Мисал. Со тек на времето исто така е одобрено и славењето „Мајка на Црквата“ во литургискиот календар на некои земји како Полска и Аргентина.

Коментирајќи го документот, кардинал Роберт Сарах, префект на Конгрегацијата за богослужби и Свети Тајни изрази надеж дека тоа славење, кое веќе е проширено во целата Црква ќе ги потсетува сите Христови ученици ако сакаат да растат дека ќе мора да се исполнат со Божјата љубов, ќе мора да го вкоренат својот живот во три реалности: крстот, агнецот и Девицата. Тие три таинства – истакна кардинал Сарах – Бог ги дава на светот за да го изгради, да го направи плоден и да се посвети својот внатрешен живот и да нѐ води до Исус Христос.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот