Непредвидена бура го промени планот на ходочастието на Папата

Папата Фрањо мораше во саботата 17 јануари, поради бура да го скрати патувањето на филипинскиот остров Леите, опустошен 2013 година од смртоносниот тајфун Хаијан, а за време на четиричасовната посета на градот Таклобан, одржа Lитургија под дожд и накратко се сретна со преживеаните по тајфунот за да ги охрабри.

Видно возбуден, Папата допатува на аеродромот Таклобан нешто пред девет часот по локално време, а околу 13 часот отпатува во правец на Манила каде во недела ќе служи Lитургија пред милиони верници.

Папата не се откажа од ниедна обврска предвидена во Таклобан, но времето наменето за неговите соговорници беше скратено за да се избегне тропската бура Макала која при крајот на попладнето требаше да ги погоди источните брегови на Филипините.

„Ве молам за опрост“, рече Папата во катедралата во близина на Пала објавувајќи дека мора да си отиде порано од предвиденото. „Тоа ме прави потажен, навистина“, рече Папата.

Папата Фрањо претходно отслужи Lитургија на аеродромот во Токлобан пред мноштвото верници кои беа таму и покрај невремето и притоа му посакаа „долг живот“.

„Кога во Рiм дознав за катастрофата, почувствував дека морам да дојдам овде. Сега сум со вас, малку покасно, признавам, но овде сум“, рече Папата на шпански.

Сместен на островот Лајте, 650 км од Манила, Таклобан беше епицентар на силниот тајфун Хаијан кој предизвика најголеми ветрови дотогаш забележани во светот.

Во катастрофата загинаа повеќе од 6200 Филипинци, а многу градови беа потполно разрушени.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот