Најавено првото Апостолско писмо на папата Фрањо
Идната седмица, по завршување на Година на верата, папата Фрањо ќе го објави своето прво Апостолско писмо, објавено е во Ватикан.Засега се знае само дека документот го носи насловот „ Радоста на Евангелието “
(Evangelii Gaudium), а папата ќе го најави за време на литургиското славење, со кое ќе се заврши Година на верата.
Апостолското писмо е завршен документ од минатогодишната епископска синода, која е одржана на тема „Нова евангелизација за навестување на христијанската вера“.
Иако Свеиот Отец во неделата ќе го најави документот, сепак Апостолското писмо ќе биде официјално објавено во вторник 26 ноември во салата Иван Павле Втори во Ватикан.
Како што најави претседателот на Папскиот совет за нова евангелизација монсињор Рино Физикела, Папата своето Апостолско писмо ќе го упати до „епископите, свештениците, ѓаконите, монасите, монахињите, богословите, семејствата, катехистите, уметниците, новинарите, младите, старите и болните.“
Всупшност ќе биде упатено до сите претставници во општеството, до христијаните, кои се повикани да бидат евангелизатори. Со тоа Година на верата станува обврска преку која Црквата уште еднаш го истакнува своето послание на секој човек да му се навести Евангелието, нагласи архиепископот.
ЕВТН/го*ко