Најава: Свечености по повод 10 години од основањето на парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица

Во недела 5 ноември 2023 година со почеток во 10.30 часот, со света архиерејска Литургија, која ќе ја предводи Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица ќе го одбележи јубилејот 10 години од основањето на парохијата.
Претходно, во сабота навечер, 4 ноември 2023 година со почеток во 18.00 часот во парохиската сала „Света Мајка Тереза“ ќе се одржи свечена академија по повод јубилејот.
Со декрет на епископот Стојанов од 1 септември 2013 година е основана парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица, додека на 1 ноември 2013 година, по задоволувањето на литургиските потреби, а со благослов на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во парохиската црква е служена првата света Литургија.
к.мк