Конгрегацијата за богослужби и Свети Тајни објави документ кој содржи упатства како да се слави Неделата на Божјото Слово.
Папата Фрањо ја воспостави „Неделата на Божјото Слово“ што ќе се одржува секоја година во третата недела од литургиската година, со Апостолско писмо во форма на Motu proprio „Aperuit illis“ издадено на 30 септември 2019 година. Намерата на Папата е тоа биде ден посветен за славење, размислување и ширењето на Словото. Недела на Словото Божјо ќе се слави на 26 јанаури 2021 година.
Важноста на Светото Писмо во нашите животи
Документот објавен во саботата од Конгрегацијата за богослужби и Свети Тајни, потпишан од префектот, кардинал Роберт Сара, објаснува дека Неделата на Божјото Слово е средство да им помогне на верниците „да ја разбудат свеста за важноста на Светото Писмо за нашите животи“, почнувајќи од неговата улога во Литургијата, кое нè става во жив и траен дијалог со Бог“.
Во документот се додава дека тој ден е „добра можност да се прочитаат некои црковни документи, посебно Praenotanda од Ordo Lectionum Missae.”
Самиот документ е поделен на десет точки, од кои првата посочува дека „Бог преку навестувањето на библсиките читања во Литургијата зборува на својот народ, а самиот Христос го навестува своето Евангелие“. Се укажува дека „една од обреедните можности погодни за оваа недела може да биде влезна процесија со Евангелието или едноставно Евангелието да се постави на олтарот“.
Во документот потоа се прецизира дека библиските читања кои ги дава Црквата во Лекционарите не смеат да бидат заменети или изоставени и дека треба да се користат верзии на Библијата одобрени за литургиска употреба. Во документот исто така се препорачува да се пее Припевниот псалм.
Хомилија
Фокусирајќи се на хомилијата, бискупите, свештениците и ѓаконите се повикани „да објаснат и овозможат сите да го разберат Светото Писмо“ и „да го направат достапно на своите заедници“, извршувајќи ја оваа служба „со посебна посветеност, внимавајќи на средствата предложени од Црквата“. Исто така, се потенцира важноста на тишината во литургиското славење, бидејќи „со фаворизирање на размислувањето, му се овозможува на слушателот одвнатре да го прими Божјото збор “.
Во однос на оние што го навестуваат Божјото Слово – свештениците, ѓаконите и лекторите – документот потенцира дека е задолжителна „специфична внатрешна и надворешна подготовка, познавање на текстот што треба да се навести и потребната пракса за неговото навестување.
Документот исто така, инсистира за грижа на амвонот од каде се навестува Божјото Слово и покрај тоа што од таму може „да се проповеда и да се каже молитвата на верните“, но и „не сосема соодветно е да се користи за коментари, соопштенија или за пеење“.
Исто така, се бара грижа за материјалната вредност и соодветна употреба на „книгите што содржат читања од Светото Писмо“, додавајќи дека „никогаш не е соодветно да се прибегнуваат кон летоци, фотокопии и други пасторални помагала како замена за литургиските книги“.
Средби за формација
За да биде Светото Писмо и неговата вредност попозната при литургиските славење, Конгрегацијата поттикнува одржување средби за формација, во непосредна близина или во деновите по Неделата на Божјото Слово, за да се истакнат подетално „критериумите за литургиска употреба на разни библиски книги во текот на целата година и нејзините годишни периоди, како и структурата на неделите и деновите од седмицата од циклусот на читање за светата Литургија.”
На крајот документот ја истакнува поврзаноста на Утрената и Вечерната, како „погодна можност за продлабочување на врската помеѓу Светото Писмо и Часословот.
Свети Јероним
Документот препорачува за пример да се земе свети Јероним „заради големата љубов која ја имаше кон Словото Божјо“.
Ватикан њуз/к.мк