Наместо катехеза, молитва за жртвите од земјотресот
Папа Фрањо наместо редовните катехези во среда за време на Генералните аудиенции на Плоштадот Свети Петар ги повика собраните верници на молитва за жртвите од земјотресот кој ја погоди централна Италија.
„Ја подготвив денешната катехеза, како и за сите среди во оваа Година на милосрдие, на тема Исусовата близина. Но пред вестите за земјотресот кој ја погоди централна Италија, уништувајќи ја целата област и оставајќи зад себе починати и ранети, не можам да не ја изразам својата голема болка и својата близина на сите луѓе од погодените подрачја, на сите кои ги изгубија своите сакани и на оние кои сè уште се шокирани од стравот и ужасот“ – рече папа Фрањо.
Слушајќи дека „место повеќе нема“ и знаејќи дека помеѓу мртвите има и деца, навистина ме погоди многу. Поради тоа на сите тие луѓе им посакувам – продолжи Папата – да ги заштитам со молитва и да им кажам дека целата Црква ги прегрнува и дека во овој момент сака да ги обдари со мајчинска љубов, „вклучувајќи ја нашата прегратка, од овде, од Плоштадот (Свети Петар)“.
Папата се заблагодари на сите доброволци и служби кои помагаат на погоденото население. „Ве молам вас да се соедините во молитвата, Господ Исус, кој секогаш ја допираше човечката болка, да ги утеши овие тажни срци и да има даде мир преку застапништво на Пресвета Богородица“ – рече Папата. На крајот од средбата со верниците, напомена дека денешната катехеза ја преместува за следната среда и ги повика со него да измолат дел од бројаница за жртвите од земјотресот.
РВ/к.мк