Светиот Отец на 30 јуни 2017 година во аудиенција ги прими кардинал Герхард Лудвиг Милер, префект на Конгрегацијата за наука на верата. Папата Фрањо се заблагодари на кардиналот за петгодишното раководење со Конгрегацијата, како и за претседателството со Папската комисија „Ecclesia Dei“ („Црква Божја“), Папската библиска комисија, како и Меѓународната теолошка комисија.
На негово место Папата го именува Исусовецот Луис Франчиско Ладарија Ферер, титуларен епископ од Тибика, кој досега ја извршуваше службата секретар на Конгрегацијата за наука на верата.
Новиот префект на Конгрегацијата за наука на верата има 73 години, во 1966 година дипломира право на Универзитетот во Мадрид. Во истата година влегува во Дружбата Исусова (Исусовци). Завршува филозофија и теологија на Папскиот универзитет во Комиљас и Франкфурт.
За свештеник е ракоположен во 1973 година, докторира на Папскиот универзитет Грегоријана и станува доцент по догматика на Универзитетот во Комиљас.
Од 1992 до 1997 година е член на Меѓународната теолошка комисија.
Во 1995 година е назначен од свети Иван Павле II за консултант на Конгрегацијата за наука на верата. Во 2008 година го наследува Анџело Амато како секретар во Конгрегацијата за наука на верата.
РВ/к.мк