Надбискупот Едгар Пења Пара нов заменик за општи работи во Државниот секретаријат

Надбискупот Едгар Пења Пара нов заменик за општи работи во Државниот секретаријат

Папата Фрањо го именуваше надбискупот Едгар Пења Пара досегашен Апостолски нунциј во Мозамбик, за заменик за општи работи во Државниот секретаријат. Должноста ќе ја преземе на 15 октомври.

Набискупот Пења Пара е роден во 1960 година во Маракаибо во Венецуела, а за свештеник е ракоположен во 1985 година. Дипломирал канонско право. Во дипломатската служба на Светиот Престол влегува во 1993 година, и работи во папското претставништво во Кенија, Југославија, при канцелариите на Обединетитие нации во Женева и во Апостолските нунцијатури во Јужноафриканската Република, Хондурас и Мексико. Епископското ракополагање го прима во 2011 година и до 2014 година  бил апостолски нунциј во Пакистан, а потоа во Мозамбик, до 21 февруари 2015 година.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот