Папата Фрањо пристигна во Ербил

Папата Фрањо пристигна во Ербил

Во недела наутро, на 7 март 2021 година, на третиот ден од неговата апостолска посета на Ирак, папата Фрањо пристигна на северот на земјата.

Од Багдад отпатува за Ербил, каде што беше одржана церемонија за пречек на аеродромот. Папата кратко се сретна со претседателот на автономниот регион Ирачки Курдистан, Нечирван Барзани и премиерот Масрур Барзани во ВИП салонот на аеродромот, а потоа со хеликоптер замина за Мосул. Во поранешното упориште на „Исламската држава“, Папата ќе се помоли за жртвите од војната. Потоа со хеликоптер ќе отпатува во христијанскиот град Каракош каде ќе има средба во црквата „Безгрешно зачнување“ од каде ќе ја предводи и молитвата Ангел Господов.

Централниот настан од посетата на Папата на Ирак ќе биде светата Литургија во 14.00 часот по средноевропско време на стадионот во Ербил, каде се очекуваат до 10.000 верници.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот