На свештеник од Ирак Бројаницата му помогнала да преживее киднапирање од ИСИЛ

Католичкиот свештеник отец Даглас Ал-Бази од прва рака сведочи за ужасите кои му ги направиле припадниците на Исламската држава во Ирак. Во текот на девет дена бил затвореник на исламските терористи, а сега го моли светот да не го заборави христијанското малцинство на Блискиот Исток.

„Не ме изненади тоа што го видов. Бев изненаден што преживеав,“ сведочи парохот од парохијата Свети Илија во Ербил (Ирак) за настанот кога еден ден по светата Литургија, кога одел во посета на еден пријател го пресретнале два автомобила. „Првата мисла ми беше дека тоа е мојот крај, дека ќе ме убијат“, се присети отец Даглас.

Му ставиле превез на очите и му се заканиле со убиство ако се обиде да го тргне превезот и да ги погледне своите киднапери. Потоа го фрлиле во багажникот и го однеле во една куќа во која девет дена бил затворен без храна и вода.

„.Многу крварев, бидејќи ми зададоа многу удари со чекан по лицето и колената. Без окован во синџири. Така поминав девет ужасни дена,“ се присетува отецот и нагласува дека единствена утеха во тие моменти му била молитвата Бројаница.

Во тоа време помеѓу секојдневното испитување и вечерното мачење, со помош на алката од синџирите за кој бил окован ја молел најдобро Бројаницата во својот живот.

По девет дена, киднаперите го пуштиле на слобода.

Киднапирањето било едно од серијата многубројни напади на него, бидејќи подоцна група радикали со минофрлачи пукале на црквата во текот на светата Литургија. Исто така фрлиле бомба на парохиската канцеларија и го застрелале во ногата.

„Нашата заедница е заснована на четири точки – на Исус, на Папата, епископот и свештеникот. Заради тоа кога го напаѓаат свештеникот исто така напаѓаат една од основните точки“, вели свештеникот.

Понатаму вели дека во последните 100 години неговото село претрпело осум случаи на насилство од нив. „Во четирите случаи бевме присилени да го напуштиме селото и земјата“, вели отец Ал – Бази.

Објаснува дека радикалните муслимани не прифаќаат ниту една образовна група на луѓе и дека христијаните се последната група која колку толку се одржува жива.

Исто така вели дека проблемот на Блискиот Исток не е во борбата за нафта, туку во борбата помеѓу сунитите и шиитите за територија. Тоа е единственото што ги интересира.

После таквото драматично искуство отец Даглас бара да се помогне во згрижувањето на бегалците во соодветно изградени простории. Јасно вели дека „никој не може вечно да живее под шатор и дека цели семејства не можат да живеат на неколку метра простор.“

Отец Даглас истакнува дека Ирак може да тргне понатаму само ако се создаде културно опкружување: „Припаѓам на земја чија култура е стара повеќе од 6000 години, но денес повеќе немаме култура. Ни треба образование, училишта. Тоа е важно за во иднина за да му помогнеме на нашиот народ кога ќе излезе на виделина од траумата која ја доживува.“

На крајот рече дека многу христијани не сакаат да ја напуштат земјата. Вели: „Ние сме горди што сме Ирачани и горди сме на нашата вера иако Ирак не е горд што сме дел од таа земја.“

Лаудато/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот