На празникот Рождество Христово епископот Стојанов служеше во Струмичката катедрала

На празникот Рождество Христово епископот Стојанов служеше во Струмичката катедрала

На празникот Рождество Христово – Божиќ, 7 јануари 2023 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скоспки епарх служеше света археирејска Литургија во Катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица во сослужение на деканот и директор на Македонски Каритас протојереј ставрофор о. д-р Зоран И. Стојанов, катедралниот парох протојереј ставрофор о. Спасо Ристов, поранешниот катедрален парох, протојереј ставрофор о. Ѓорги Трајков, парохот во парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица и директор на Радио Марија протојереј о. Гоце Костов и парохискиот викар о. Трајче Ташев.Во својата проповед бискупот Стојанов ги повика пристуните заеднички да размислуваат за библискиот стих земен од пророкот Исаија во кој се вели: „Зашто Младенец ни се роди – Син ни се даде; власта е на рамењата Негови, и ќе Го наречат: Советник, Чудесни, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот.“ При тоа го образложи детално овој стих од пророкот.

Кон крајот на проповедта рече: Верувам дека и покрај сите потешкотии и денес Божиќ е пресвртница да дојдеме при себе и да се препородиме во духот што Тој ни го дарува. Во една прилика папата Фрањо рече: Стани, оди имај надеж! Гледајќи во очите на Исус Христос, денес и јас сакам да препорачам: Стани, оди и имај надеж! Бог и денес сака да ја води историјата во насока на вечната средба и радост.

Епископот Стојанов упати благодарност до сите оние кои му упатија честитки по повод празникот Христовото рождество, истовремно користејќи ја можноста на сите да го честита празникот со желба Христос да се роди во сите. На крајот рече: Малиот Исус нека донесе мир, радост и спокојство во сите срца во оваа наша заедница, во сите семејства, во оваа наша татковина и светот.

За време на Литургијата пееше Катедралниот хор под водство на сестра Тереза Стојкова, а Радио Марија вршеше директен пренос..

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот