На Велики Петок започнете ја Деветницата на Божјото милосрдие

На Велики Петок започнете ја Деветницата на Божјото милосрдие

Велики Петок е денот кога ја започнуваме Деветницата на Божјото милосрдие, а завршува во пресрет на Првата недела по Велигден Томина недела.

Милосрдниот Исус ѝ ја соопштува желбата на сестра Фаустина – како подготовка за празникот на Божјото милосрдие да се измоли деветница во Негова чест. Деветницата започнува на Велики Петок, а завршува во саботата во пресрет на Првата Недела по Велигден – Неделата на Божјото милосрдие (Томина недела).Оваа Деветницата може да се моли и во било кое друго време од литургиската година.

Света Фаустина: „Исус ми нареди да ја напишам и да ја кажувам оваа деветдневна молитва во траење од девет дена што го најавува Празникот на Божјото милосрдие. Треба да биде започната на Велики Петок.“

Овие се зборовите кои Исус ги упатува до света Фаустина: „Секој ден, ти ќе му носиш на моето Срце група од различни души и ќе ги потопиш во океанот на моето милосрдие. Од моја страна, Јас ќе направам овие души да влезат во живеалиштето на мојот Отец. Ти ќе ја исполниш оваа мисија, во текот на сиот твој живот и додека трае вечноста. Од моја страна, Јас нема да отфрлам ниедна душа која ќе ја донесеш на изворот од моето милосрдие. Секој ден, за моето болно Страдање, ти упорно ќе бараш од мојот Отец милости за овие души.“

Молитвите за Деветницата на Божјото милосрдие побарајте ги во вашата парохија.

к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот