На Велики Петок епископот Стојанов служеше во капелата на Епископската резиденција

На Велики Петок епископот Стојанов служеше во капелата на Епископската резиденција

На Велики Петок 17 април 2020 година, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов ја предводеше „Вечерната со изложување на Плаштеницата“ од капелата посветена на „Светите браќа Кирил и Методиј“, која се наоѓа во бискупската резиденција. На богослужбата сослужуваше канцеларот о. Марјан Ристов, а во присуство на сестри Евахристинки.

Поради актуелната ситуација со коронавирусот КОВИД- 19 сите богослужби пред но и за време на Страстната седмица се служеа без присуство на народ, а на верниците им беше овозможено да ги проследат и да учествуваат на нив преку социјалните мрежи и фреквенцијата на Радио Марија во Струмица.

Воскресната света Литургија, на Велигден, во недела 19 април 2020 година со почеток во 10.30 часот ќе ја предводи епископот Стојанов од капелата на епископската резиденција. Радио Марија ќе врши директен пренос на Фреквенцијата за Струмица 106,5 ФМ , а истата ќе биде пренесувана и на facebook профилите на Радио Марија Македонија, Католици,мк како и на интернетските страници www.radiomarija.mk и www.katolici.mk.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот