Мрзоволните христијани тешко се отвораат на Светиот Дух

Христијаните кои се „алергични“ на проповедниците секогаш имаат што да критикуваат, но станува збор всушност за страв да му се отвори врата на Светиот Дух и стануваат мрзоволни – рече Светиот Отец во проповедта на 13 декември во домот Света Марта.

Исус во денешното Евангелие, своите современици ги споредува со незадоволни деца: „Ви свиревме и не игравте; ви пеевме жални песни и не плачевте“ (Мт 11,17) – ништо не ги прави задоволни – рече Папата и додаде дека тие Исусови современици всушност не биле отворени за Божјото Слово. Нивното одбивање не се однесува на содржината на пораката, туку на нејзиниот доносител. Го одбиле Иван Крстител кој „ниту леб јаде, ниту вино пие, а вие велите: Бес има.“ (Лука 7,33). Го одбиваат Исус затоа што: „Еве човек што многу јаде и пие, пријател на митниците и грешниците!“ (Лука 7, 34) Секогаш наоѓаат некој мотив за критикување на проповедникот:

„И тие и народот од она време, сакале да сe препуштат една добро елаборирана религија: во моралните прописи, како што е групата на фарисеите; политички компромис како садукеите; општествена револуција како што биле зилотите; гностичка духовност како есените. Се држале до систем кој бил добро осмислен и чист. Проповедникот не бил таков. Исус ги потсетува на фактот дека нивните татковици исто така „правеле на пророците“. Божјот народ има извесна алергија кон навестителите на Словото кон пророците кои ги прогонувале и убивале – кажа Папата.

Тие луѓе кажуваат дека ја прифаќаат вистината на навестувањто, но навестителите и навестувањето – не. Повеќе сакале живот врамен во прописи, компромиси, револционерни планови или нивна неовоплотена духовност. Такви се христијаните кои секогаш се незадоволни со она што проповедникот го кажува:

„Овие христијани кои се затворени и „врамени“ се мрзоволни и не се слободни – а зошто? Затоа што се плашат од слободата на Светиот Дух која доаѓа преку проповедувањето. За ова лудост говори Павле, а таа завршува со лудоста на крстот – кажа Папата. „Лудо е тоа што Бог ни говори преку луѓе кои имаат свои ограничувања и кои покрај тоа се уште и грешници! Уште повеќе соблазнува тоа, што нас не спасува по некој човек кој вели дека е Син Божји, а кој заврши како криминалец. Тоа е соблазата – рече папата Фрањо.

„Таквите мрзоволни христијани не веруваат во Светиот Дух; не веруваат во слободата која доаѓа по таквото проповедање; кое те предупредува, поучува; која те опсипува, но која прави со тоа Црквата да расте.“

„Гледајќи ги тие деца кои се плашат од танцување или плачење; исплашени од сѐ и сешто; кои бараат во сѐ сигурност, мислам на мрзоволните христијани кои постојано ги критикуваат проповедниците на Вистината, бидејќи самите се плашат да ја отворат вратата на Светиот Дух. Да молиме за нив, но и за себе, за самите да не станеме мрзоволни скратувајќи ја слободата на Светиот Дух да ни дојде по соблазата или лудоста на проповедувањето“ – реч на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот