На 22 октомври, ден кога Црквата го чествува Свети Иван Павле II во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица ќе бидат изложени неговите мошти веднаш по Утринската молитва во 8.00 часот и до 17.00 часот верниците ќе можат да се поклонат и помолат.
Во 17.00 часот ќе започне молитвата Света Бројаница, а во 17.30 ќе се служи света Литургија, на која ќе проповеда катедралниот парох о. Спасо Ристов. По завршувањето на светата Литургија верниците ќе имаат можност да ги целиваат моштите на свети Иван Павле II.
Во недела на 23 октомври на светата Литургија во 9.30 ќе проповеда о. Томаш, парох во Куманово.
Свети Иван Павле II. (лат. Sanctus Ioannes Paulus PP. II.), e наречен уште и Иван Павле Велики. Роден е во Вадовице на 18 мај 1920, а почина во Ватикан на 2 април 2005 година,. Роден како Карол Јозеф Војтила, избран е за Папа на 16 октомври 1978 година и 264 поглавар на Католичката црква. Неговиот Понтификат траел 27 години.
Во 2011 година, папата Бенедикт XVI го прогласи за блажен и определи да се чествува на 22 октомври. Папата Фрањо, само три години подоцна во 2014 година, го прогласи за светец.
к.мк