Апостолската нунцијатура во Република Хрватска во вторник напладне, 14 февруари 2023 година соопшти дека папата Фрањо го именува монс. Дражен Кутлеша за надбискуп коадјутор на Загрепската надбискупија, а монсињор Желимир Пуљиќ за Апостолски администратор на Сплитско-макарската надбискупија.
Како надбискуп коадјутор, монс. Дражен Кутлеша ќе го наследи кардинал Јосип Божаниќ.
Со именувањето на досегашниот сплитско-макарски надбискуп монс. Дражен Кутлеша за коадјутор на Загрепската надбискупија, бискупското место на Сплитско-макарската надбискупија остана празна (sede vacante), а монс. Желимир Пуљиќ како Апостолски администратор на „sede vacante“ ги има сите права, овластувања и должности на дијацезански бискуп до моментот на стапување на функцијата на новиот надбискуп сплитско-макарски, кој треба да биде именуван.
Ватикан њуз/к.мк