Монс. Пjербатиста Пицабала апостолскиот администратор на Латинската Патријаршија во Ерусалим ја предводеше светата Литургија за посвета на елеј, со која ја отвори Пасхалната тродневница во Светата Земја.
Храброст! Нема да дозволиме стравот и примирието да го забават или запрат текот на Евангелието во Светата Земја!“, рече апостолскиот администратор на Латинската Патријаршија во Ерусалим монс. Пјербатиста Пицабала за време на светата Литургија за посвета на елеј со која ја отвори Пасхалната тродневница во Светата Земја.
„Со радост продолжуваме да го разнесуваме на сите Лебот на животот! – рече во проповедта монс. Пицабала. Настојуваме за градење на братски односи и врски на заедништво меѓу нас и со сите! Нема ноќ која љубовта не може да ја осветли, нема неуспех кој крстот не може да го трансформира во победа, нема рана која Пасхата не може да ја излекува!“
Апостолскиот администратор потсети на последната ноќ на Исус, ноќта на предавството и откажувањето, која се претвора во увертира на Пасхата: „Не е потребна голема имагинација, за да се признае дека понекогаш и нашето свештеничко служење и нашите пастирски напори поминуваат една темна ноќ – рече монс. Пицабала. Внатрешни и надврешни тешкотии – лични и колективни, социјалната и политичката клима станува потешка и несигурна, насилството плаши и го запира животот и проектите, преовладува чувството на немоќ и дека сме странци во сопствената земја и среде нашиот народ, многу христијански семејства ја напуштаат земјата, царува стравот од осаменост и изолација. Господ ни предлага различен пат. Смртта во која се концетрирани сите човечки стравови, се претвора во место на ослободување и на живот благодарение на послушноста на Отецот и љубовта кон неговите пријатели. Преку смртта, немоќта и неуспехот се претвораат во извор на надеж. Христос не ја победи смртта бегајќи од неа, туку поминувајќи низ неа, носејќи го со љубов товарот и предавајќи го со вера и надеж таинството на Отецот.
„Нашата мисија на оваа земја и покрај тешкотиите кои ги среќаваме со вера, надеж и љубов е нашиот конкретен начин да го следиме Господ за да настапи воскресението за нас и за нашата Црква – рече на крајот монс. Пицабала. Нема директни патишта до Пасхата: предавството и мечот, измамите и компромисите продолжуваат, но не ја скратуваат ноќта. Победата на Љубовта доаѓа после жртвата. Воскреснатиот е Распнатиот на крстот! Не сакаме и не можеме да поминеме по други патишта освен по славниот Крстен пат за еден нов плоден живот и свештеничко служење.
Обновувајќи го гестот на Исус кон своите ученици, монс. Пицабала ги изми носете на шест семинаристи од Латинската патријаршија и шест браќа фрањевци од Кустодијата на Светата земја. Свештениците ги обновија своите завети, а светиот елеј беше осветен и благословен. На крајот од прославата, свештениците облечени во бели одежди, го обиколија три пати светиот параклис во кој е положен гробот Господов. Светата Евхаристија беше положена во Дарохранителницата над гробот Господов како знак дека Господ се претвори во леб и остана жив среде нас.
РВ/к.мк