Молитвена осмина за единство на христијаните – Седми ден

Молитвена осмина за единство на христијаните – Седми ден

Тема: Единство кое расте

„Јас сум лозата, а вие прачките“ (Иван 15,5a)

Читање од Првото послание на светиот апостол Павле со Коринтјаните (1, 10–13. 3,21–23)

„Па зар Христос да се раздели?“

Браќа, ве молам, во името на нашиот Господ Исус Христос, сите вие да зборувате едно и исто, и помеѓу вас да нема делење, туку да бидете соединети во еден дух и во една мисла. Оти од домашните на Хлој чув за вас, браќа мои, дека помеѓу вас имало карање. А ова ви го велам, затоа што еден од вас вели: „Јас сум Павлов”, друг: „А јас сум Аполосов”, трет: „Јас сум на кифа”, а друг: „Јас, пак, Христов”. Па зар Христос да се раздели? Дали Павле беше распнат за вас? Или пак во името Павлово се крстивте?

И така, никој нека не се фали со луѓе, бидејќи сè е ваше: било Павле или Аполос, или Кифа, било светот или животот, или смртта, било сегашното или идното, – сè е ваше; вие, пак, сте Христови, а Христос – Божји.

Читање од светото Евангелие според Иван (17, 20 – 23)

„Да бидат едно, како што сме Ние “

Но не се молам само за нив, туку и за оние, што по нивните зборови ќе поверуваат во Мене, за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил. И славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов, за да бидат едно, како што сме Ние. Јас сум во нив и тие се во Мене, за да бидат во сè едно, и да узнае светот дека Ти си Ме пратил, и нив си ги возљубил, како Мене што Ме возљуби. Оче, сакам и оние што си Ми ги дал да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава што си Ми ја дал, оти Ме возљуби уште пред да се создаде светот. Оче Праведни, светот не Те позна, Јас Те познав; и овие познаа дека Ти си Ме пратил; и им го објавив името Твое, и ќе го известувам, та љубовта, со која Ме возљуби Ти, да биде во нив, и Јас во нив.”

Размислување

Во предвечерието на својата смрт, Исус се моли за единството на кои му ги довери Отецот: „Да бидат сите едно … и да поверува светот дека Ти си Ме пратил.“ (Иван 17,21). Бидејќи сме поврзани со Него како винова лоза со лоза, неговата сила тече низ нас и ни дава живот.

Секоја Црква има за цел да нè доведе во центарот на нашата вера: во заедништво со Бога преку Христа во Светиот Дух. Колку поинтензивно го живееме ова заедништво, толку потесно сме поврзани со другите христијани и со целиот човечки род. Свети Павле нè опоменува да се држиме настрана од став кој веќе се заканува да го загрози единството на првите христијани: апсолутизирање на сопствената традиција за сметка на единството на Телото Христово. Тогаш разликите не делат наместо да нè збогатуваат. Павле имал сеопфатна визија: „Сè е ваше;  вие, пак, сте Христови, а Христос – Божји.“ (1. Коринтјаните 3,22).

Христовата волја нè обврзува да чекориме по патот на единството и помирувањето. Нè обврзува да се придружиме на Неговата молитва: „Да бидат

„Никогаш не се помирувај со соблазната на поделба меѓу христијаните, кои многу лесно исповедаат љубов кон ближниот, а остануваат поделени. Горливо стремете за единството на Телото Христово “.

Молитва

Душе Свети, кој се незгаслив оган и нежен здив, дојди и остани со нас. Обнови ја во нас ревноста за единство, да живееме свесни за врските кои нè поврзуваат со Тебе. Дај сите кои го облекоа Христа со своето крштевање, да бидат едно и заедно да сведочат за надежта која ги исполнува.Амин.

к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот