Папата Фрањо во својата молитвена накана за месец октомври ги повикува верниците да се молат за работниците и невработените.
Треба секогаш да го истакнуваме достоинството и правата на работниците, осудувајќи ги ситуациите во кои се прекршуваат, и така ќе помогнеме да се обезбеди вистински напредок на човекот и општеството – нагласи Светиот Отец во видео-пораката. Затоа да се молиме за светот на работата, на сите да им биде загарантирано почитувањето и заштитата на правата, и на невработените да им се овозможи учество во градењето на општото добро.
РВ/к.мк