Повеќе десетици илјади луѓе заедно со Папата ја молеа побожноста Крстен пат, кој по двегодишна пауза поради пандемијата Ковид-19 повторно се одржа во Римскиот Колосеум. На четиринаесетте постојки имаше сведоштва од секојдневниот живот на семејствата, осуда на „теророт“ предизвикан од војната во Украина, како и сведоштво од еден мигрантски брачен пар.
„Милосрден оче, вдахни ги противниците да си подадат рака и на тој начин да доживеат меѓусебно простување. Разоружајте ја раката на братото подгината против братот, таму каде што има омраза, да процвета слога“. Станува збор за универзална молитва што папата Фрањо ја упати од Римскиот Колосеумот, за време на побожноста Крстен пат на Велики Петок, во кој различни семејства преку своите медитации споделуваа фрагменти од секојдневниот живот.
Повторно во Колосеумот
„Никогаш да не се однесуваме како непријатели на крстот Христов, за да учествуваме во славата на неговото воскресение“
Впечатливо е да се слушне гласот на римскиот бискуп како повторно одекнува во Колосеумот, две години откако Ковид – 19 ја прекина традицијата која не беше прекината од 1964 година, откако папата Павле VI. ја врати оваа побожност на Црквата во сенката на прекрасниот амфитеатар на Флавијанците. Две години по ред Крстовниот пат се одржуваше на празниот плоштад Свети Петар, во присуство само на носителот на Крстот. Оваа година имаше мноштво луѓе кои се молеа заедно со Папата и нивните семејства.
Призори од семејниот живот
Во подножјето на крстот, семејствата ги поставија своите ограничувања и проблеми, неисполнети очекувања и секојдневни напори во воспитувањето деца, водење несигурни животи, далеку од нивната земја на потекло, откажување од соништата или менување на нивните животи поради попреченост на дететот, што е проблем кога ќе се додадат и „неправедни осуди“ од општеството или самите лекари. На Бога му беше доверен и стравот дека нема да може физички да се грижи за своите внуци, да издржи хемотерапија, да продолжи понатаму по смртта на брачниот другар.
Тоа се гласовите на баби и дедовци, млади брачни парови, родители со многу деца, со малку деца, родители на болни деца, посветени деца, родители на починати деца. Имаше мигранти, мисионери и задолжени за семејниот дом. Нивните размислувања беа призори од секојдневниот живот во кои секој може да се пронајде.
Тишина пред болката
Потоа се слушна осуда за конфликтите, како оној во Украина, кои поттикнуваат терор, сиромаштија и нерамнотежа. И кој во светот шири сурови слики на жени, мајки, сопруги, кои раѓаат или умираат под бомби. Како претставници на тој ужас и надеж за мир и повторно пронаоѓање братство, тие се под крстот, како на Голгота, на XIII. постојка имаше две жени, Ирина и Албина, едната Украинка, а другата Русинка, пријателки и колешки, кои разменуваат погледи и држејќи дрвен крст со двете раце, ја правеа присутна самата суштина на христијанството, Бог кој умре за гревовите на сите луѓе.
Тоа беше моќен призор на која одговараше момент на тишина. Имено, текстот на претпоследната станица беше променет.
„Пред смртта, тишината повеќе зборува од зборовите. Затоа, да застанеме во молитвена тишина и секој нека се молиме во срцето за мир во светот“.
Станува збор за предвидена промена, која го ограничува текстот на минимум како бис е препуштиле на тишина и молитва – објасни директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни.
Многу повеќе од имигранти
Трогателно беше искуството на Ирена и Раул, брачна двојка од Конго, кои носеа крст на XIV. постојка, заедно со нивните два сина: Федерик (4 години) и Рикардо (11 месеци). Тие пристигнаа во Италија од Конго како бегалци; беа примени во заедницата на Центарот Астали, сега се независни од другите.
Мртви сме за нашето минато – порачаа во својата медитација. Сакавме да живееме во сопствената земја, но војната не спречи во тоа. Овде сме по патувања каде што видовме како умираат жени и деца, пријатели, браќа и сестри. Еве ние, преживеавме. Нè доживуваат како товар. Ние кои дома бевме важни, тука сме бројки, категории, статистики. Сепак, ние сме многу повеќе од имигранти. Ние сме личности. Дојдовме овде за нашите деца. Секојдневно гинеме за нив, за да доживеат и живеат нормален живот, без бомби, без крвопролевање, без прогонство.
Молитвата на Папата
На крајот од побожноста се обрати и Папата. Тој се обрати на Бога, кој – како што рече – дава сонцето да изгрее над добрите и над лошите, и повика на преобраќање на сите, да ги промени нашите бунтовни срца и да научиме да ги следиме проектите на мирот. Повикот на Крстниот пат е повик на тишина, како што кажа Папата во интервју за италијанската телевизиска програма „A Sua immagine“ – тоа е единствениот одговор на страдањата на ближните.
Ватикан њуз/к.мк