Молење на Kрстен пат во семејствa
И оваа година во парохијата Свети Петар и Павле – Гевгелија за време на Велигденскиот пост освен во црквата, Крстен пат се моли и во семејства. Молитвено беше посетено семејството на Мери и Александар со малиот Никола Костадиновски, инаку православно семејство. Тие откако се во брак, веќе повеќе од една година, се трудат секоја недела да бидат присутни на Света Литургија, а воедно и практично да го живеат христијанскиот живот. Во оваа семејство после молењето на Крстниот пат, се размислуваше на втората постојка и дел од Евангелиото според Матеј (Мт 27,27-31).
о.Д.Т.
Категорија:
Македонија