Младите од Струмица молеа Крстен пат на отворено

Младите од Струмица молеа Крстен пат на отворено

Во дворот на парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица, во недела, на 5 април 2026 година, на празникот Цветници, се молеше Крстен пат за млади.

Крстниот пат го предводеа токму младите, кои ги читаа постојките со размислувања посветени на предизвиците со кои се соочува младите во современиот свет. Текстовите зборуваа за теми поврзани со верата, идентитетот, искушенијата, покајанието, истрајноста и потрагата по смисла.

Преку текстовите наменети за Крстниот пат младите беа поттикнати да го поврзат Христовото страдање со сопствениот живот, препознавајќи во Неговата жртва извор на надеж. Во размислувањата особено беше нагласено дека Крстот останува пат на спасение, а да се следи Христос значи привилегиран повик на светост.

Подготовките за Крстниот пат се одвиваа за време на средбите за млади, кои редовно се одржуваат секоја сабота,  а ги води отец Гоце Костов.

Крстен пат на отворено, во текот на овој Велик пост, верниците од парохијата молеа и на ридот Самораница, на Крстопоклона недела, а го предводеа семејствата од парохијата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот