Млади од Македонија учестуваат на кампот „Week of the world“ во Италија

Во неделата на 17 јули 2016 од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, осум млади од Скопската бискупија и Апостолскиот егзархат под водство на отец Ванчо Назов заминаа на пат за Италија.

Тоа е групата која ќе ја претставува Македонија на летниот меѓународен камп  „Week of the world“ (17. – 24. 07.) во Ломбардија во провинцијата Леко.

Оваа програма е во организација на Здружението „A Gonfie vele“ која ја промовира културната разноликост меѓу младите со цел создавање на дијалог. Младите кои ќе учествуваат на оваа средба се на возраст од 15 до 18 години, а освен учесници од Италија и Македонија, учествуваат и млади од Бразил, Израел, Египет, Јапонија, Уганда и Полска.

Проектот се реализира со поддршка на „PIME“ – Папски институт за надворешни мисии, а група млади од Македонија веќе трета година по ред учествува на овој камп.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот