Мисиска недела во Петралинци
Младите од католичката парохија Свети Кирил и Методиј од Петралинци со крст направен од свеќи во дворот на црквата, под кој пишуваше Мисиска недела и со молитва за мисионерите ја одбележаа неделата посветена на мисиите.
По завршувањето на подготвката на крстот од свеќи, во преполнетата црква младите молеа света Бројаница и молитва на верните за мисионерите во светот. На крајот од светата Бројаницата парохот о. Ѓорѓи Појразов одржа краток наговор во кој се осврна на важноста на мисиите и ја истакна важноста за откажување од самите себе за да се одговори на Божјиот повик за служење.
Целта на оваа иницијатива беше поттик за да се помогна на оние кои се во потреба и да се навести Радосната веста до таму каде што сèуште не стигнала.
Во подготовката на крстот од свеќи се вклучија голем број на млади од парохијата. Собраните средства од свеќите и прилозите беа донирани за мисиите.
к.мк/Д.И.