Мисиска недела

Мисионерската недела е ден за молитва и промовирање на мисиите. Секогаш се слави претпоследната недела во месец октомври, во ист ден во сите епархии, парохии и институции од католичкиот свет. Во црковниот календар го воведе папата Пиј XI, во 1926 година. Освен молитви за мисиите и запознавање за мисионерската работа верниците исто така се повикани да даваат парични доброволни прилози во корист на мисиите. Мисијата им помага на луѓето од најсиромапните делови на светот: со храна, медициска грижа, образование како и со Слово Божјо. Одењето во мисии им дава на мисионерите исклучително внатрешно збогатување.

Многу мисионери во своите сведочења признаваат како после заминувањето многу брзо се навикнале на живот без телевизија, компјутер, понекогаш и без струја, кревет или чист покрив над глаавата. Но истовремено признават како станале уште посреќни бидејќи луѓето кои ги сретнале и со кои живеат во мисиите им покажале дека животот е сепак нешто повеќе. Животот со луѓето кои никогаш не го доживеале „западниот напредок“, но го задржале она кое на многумина им недостасува – искреноста, едноставноста и љубовта кон животот, каков и да е тој – навистина, како што многумина посведочиле е нешто посебно.

Најголем број на мисионери дејствуваат во Африка. Токму таму, без оглед на тешките и речиси драматичните ситуации понекогаш само мисионерите се единствените кои помагаат спасувајќи многу животи. На Вториот Ватикански Собор (1962 – 1965) е донесен Декрет за мисионерската дејност во Црквата „Ад гентес“ кој бара мисионерите да го навестуваат евангелието водејќи сметка за културата на тие народи и евангелието да го накалемуваат на никулците на добра и вистини, кои Бог ги посејал кај тие народи и пред доаѓањето на христијанството кај нив.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот