Мисионерската Црква не може да се плаши од средби и да не зборува за радоста на Евангелието
Папата Фрањо на 22 ноември 2014 година ги прими учесниците на 4. италијанска национална мисионерска средба, која се одржа под насловот: „Стани, оди во Ниневија, големиот град, каде што Евангелието доаѓа во пресрет“. Јона се плашеше кога Господ му нареди да оди во Ниневија – рече Папата – но потоа дојде до промена и жителите се преобратија и Бог му даде милосрдие на градот. „Секоја генерација е повикана да биде мисионерска“ – потврди Папата.
Мисионерската Црква не може , а да не „излезе“, односно не треба да се плаши од средбите и да им зборува за радоста на Евангелието, без разлика, на сите. „Не како би ги прозелитирале“ – смета Папата – „туку како би им кажале на сите тоа што имаме и што сакаме со нив да споделиме, но без да бидат принудени“. Папата исто така им порача на учесниците од средбата, да го сочуваат мисионерскиот дух и грижа околу нивниот раст и им се заблагодари, погоден од посветеноста и пожртвуваноста на големиот број евангелизатори.
„Во мисија се повикани сите христијани; не само некои“ – продолжи Папата. Нашиот христијански повик бара од нас да бидеме носители на мисионерскиот дух како би дошло до вистинското „мисионерско преобраќање“ на целата Црква. „’Да се излезе’ – значи да ги надминеме искушенијата да зборуваме само меѓу себе, при тоа заборавајќи на сите оние кои од нас го очекуваат Словото на милост, утеха и надеж“.
„Самиот Исус беше човек од периферијата“ – потсети Папата – „но неговото Слово сепак ја означи пресвртницата во историјата, почетокот на духовното и човечкото обраќање, на радосната вест за Господ кој за нас умре и воскресна“, а „тоа е богатството кое сакаме да го споделиме.“ Светиот Отец нагласи дека духот на радоста за Евангелието треба да се почне од децата, кои треба да примаат „мисионерска катехеза“.
„Многу пати, дури и во Црквата сме преокупирани со песимизмот, кој го загрозува навестувањето на Евангелието до сите луѓе. Одиме напред со надеж! Многу мисионери, маченици за верата и љубовта, ни дават до знаење како до победа се доаѓа само преку љубовта и животот потрошен за Господ и за ближниот, почнувајќи од сиромасите“, кои „Црквата први нив ги среќава“ и воедно се евангелизатори на самите мисионери, „бидејќи претставуваат периферија каде што Евангелието сѐ уште треба да се навестува“. Треба „да излеземе и да не дозволиме во нашите христијански градови да има многу деца кои не знаат да се прекрстат. Тоа значи ‘да се излезе’.“ На крајот од средбата, Папата на учесниците им рече дека и тој треба „да биде мисионер“ и ги потсети да се молат за него и ги благослови.
РВ/З.А.