Министрантите од Радово на поклонение во Паљурци
Паљурци/Дојран, 18.6.2013 /к.мк/ – Во вторник 18 јуни министрантите од парохијата Свети Пророк Илија – Радово ја реализираа традиционалната посета на Паљурци и Дојран. Еднодневната екскурзија беше предводена од парохискиот капелан отец Трајче Ташев и богословите од парохијата.
На Паљурци министрантите, предводени од о. Траче Ташев, се помолија во чест и слава на апостолот на народите Свети Павле, кој пред два милениума чекорел по оваа почва. По посетата и поклонението на Паљурци министрантите го посетија Дојран. (В.Н.)
Категорија:
Македонија