Мајка Тереза за љубовта и сиромаштвото

„Мислам дека денес светот целиот е свртен наопаку и има толку многу страдања, бидејќи има многу малку љубов во домовите и семејниот живот. Немаме време за нашите деца, немаме време еден за друг, немаме време да уживаме еден со друг.“

Љубов

„Во светот е сѐ поголема гладта за љубов и прифаќање, отколку за леб. Љубовта започнува во нашите домови, љубовта живее во нашите домови и затоа денес има толку страдања и несреќа во светот… Денес изгледа дека сите се во ужасно брзање, нестрпливи се да постигнат што поглем успех, развој, богатство и нешто слично, а на децата родителите им посветуваат многу малку време. Родителите немаат време еден за друг и така во семејството започнува да се нарушува мирот во светот“.

За сиромаштвото

Во секое човечко битие јас го гледам Бог. Кога ги мијам раните на лепрозните, имам чувство дека го негувам самиот Господ. Зарем тоа не е прекрасно искуство?

Понекогаш мислиме дека сиромаштвото е да се биде гладен, гол, без дом. Сепак најголемото сиромаштвo е да се биде непосакуван, нескан и да знаеш дека никој не се грижи за тебе. Овој вид сиромаштво мораме да започнеме да го лекуваме во нашите сопствени домови

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

Категорија: Размислување, Свет

За авторот