Мајка Тереза за љубовта во семејството
Едно срце во Божјото срце
Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело (1 Мојсеева 2,24)
Светото Писмо зборува за семејството: маж и жена се соединуваат и стануваат едно тело. Тие се „прилепуваат“, вели Писмото, користејќи прекрасен израз, кој вие, кои живеете во семејства, треба да го знаете. Ништо и никој не може да нѐ раздели. Со свети Павле можеме да повториме: ништо и никој не може да нѐ раздели од Христовата љубов. Едно семејство. Соединето. Неподелена љубов за Исус Христос. Едно срце во Божјото срце.
Друг Назарет
Веруваме дека светот е разочаран и многу страда поради многу малата љубов во семејствата. Немаме време за децата, немаме време да се радуваме еден на друг. Мислам дека во своите животи едноставно мораме да ги донесеме животите од Назратет на Исус, Марија и Јосиф. Ако од својот дом направиме друг Назарет, мирот и радоста ќе владеат со светот.
Љубовта започнува во родителската куќа. Љубовта живее во семејството. Денес во светот има толку многу страдања и несреќи токму поради недостатокот на љубов во семејствата. Кога би го послушале Исус, би слушнале како ни повторува она што еднаш го кажа: Љубете се еден со друг, како што јас вас ве возљубив.“ Нѐ љубеше умирајќи и страдајќи за нас на крстот. За да се љубиме меѓусебно и да внесеме љубов во животот, мораме да започнеме да растеме во љубов под закрила на своето семејство. „Семејството пред сѐ друго останато.“
Никогаш нема да ја зборавам својата мајка. Секогаш имаше премногу работа околу покуќнината, но со доаѓањето на вечерта, работеше позабрзано, бидејќи сакаше да го пречека мојот татко. Во тоа време не разбиравме и се шегувавме понекогаш на нејзина сметка. Сега пак ја разбирам таа голема љубов. Што и да се случеше, таа секогаш беше подготвена со насмевка да го пречека мојот татко.
Денес постојано ни недостасува време. Татковците и мајките се презафатени, а децата доаѓаат дома и не наоѓаат никој кој ќе ги пречека со љубов и насмевка. Секој има потреба од љубов, секој треба да знае дека е љубен и вреден за Бог.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк