Дон Петар Палиќ, поранешен семинарист на класичната гимназија во Скопје именуван за Хварски бискуп

Дон Петар Палиќ, поранешен семинарист на класичната гимназија во Скопје именуван за Хварски бискуп

Папата Фрањо го именува дон Петар Палиќ, досегашен Генерален секретар на Хрватската бискупска конференција за бискуп на Хварската бискупија, соопшти Апостолската нунцијатура во Република Хрватска, а веста истовремено е објавена во Ватикан и Хрватска во петок 9 март 2018 година

Дон Петар Палиќ е по потекло од Јањево, најстарата католичка хрватска дијаспора на Косово. Роден е на 3 јули 1972 година во Приштина, тогашна Скопско – призренска бискупија. По основното образование учи во Класичната гимназија во Скопје и Суботица, од 1990 година до 1995 година студира на Католичкиот богословски факултет на универзитетот во Загреб.

Во октомври 2005 година се запишува на постдипломски студии на Теолошкиот факултет Карл Францен Универзитет во Грац, каде докторира во 2009 година. За свештеник на Дубровничката бискупија е ракоположен на 1 јуни 1996 година. Во Дубровничката бискупија ги извршува следните служби: од 1996-2005 година е раководител на Катехетската канцеларија, од 1998-2005 е личен секретар на дубровничкиот бискуп, од 1997-2017 е раководител на Установата за издржување на клерот и другите црковни службеници.

Од 2005-2008 управува со парохијата Добл во бискупијата Грац – Секау, Австрија.

Во 2008 е именуван за бискупски викар за пасторал, а од 2011-2017 ја извршува службата Генерален викар на Дубровничката бискупија.

Во 2003 година беше претседател на Централниот одбор за подготовка на посетата на Светиот Отец папата Иван Павле II. во Дубровник и претседател на Организацискиот одбор за Средба на хрватската католичка младина во Дубровник 2014 година.

На вонредното заседание на Хрватската бискупска конференција на 25 јануари 2017 година е избран за Генерален викар на Хрватската бискупска конференција.

Зборува германски и италијански, а користи и англиски, руски и македонски јазик.

Новоименуваниот бискуп Палиќ е наследник на монс. Слободан Штамбук, кој беше именуван за бискуп на Хвар од свети Иван Павле II. во 1989 година.

к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот