Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол ги појасни зборовите кои папата Фрањо, кои спонтано ги изговори на 25 август во видео-врска со учесниците на Денот на руската младина во Санкт Петербург: „Папата сакаше да ги поттикне младите да го чуваат и промовираат она што е позитивно во големото руско културно и духовно наследство“.
Во спонтано изговорените поздравни зборови што ги упати до младите руски католици во минатите денови, како што е јасно од контекстот во кој ги изговори, Папата имаше намера да ги поттикне младите да го чуваат и промовираат сето она што е позитивно во големата руска култура и духовно наследство, и никако со цел да се глорифицира империјалистичката логика, а владејачките личности се споменати за да означи одредени историски периоди – објасни директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни, осврнувајќи се на зборовите што спонтано ги кажа папата Фрањо на крајот на виртуелната средба, одржана на 25 август 2023 година, со младите учесници на Денот на младите Руси што започна три дена претходно во Санкт Петербург.
Откако го повтори повикот да бидат „сејачи на семето на помирувањето“, Папата ги охрабри младите мажи и жени, собрани во базиликата Света Катерина во рускиот град, никогаш да не го заборават сопственото наследство. Потоа се потсети на „голема Русија“ и нејзината културна историја и ги спомна Петар Велики и Катерина II.
Зборовите на Папата – објавени на веб-страницата на црквата Богородица во Москва – предизвикаа неодобрување во Украина, која го критикуваше говорот на Папата како да охрабрува империјалистички идеи. Во последните неколку часа пристигна реакцијата и од источнокатоличиот архиепископ Свјатослав Шевчук. Нунцијатурата во Киев отфрли било какво толкување, нагласувајќи дека папата Фрањо е убеден противник и критичар на секоја форма на империјализам или колонијализам, во сите народи и ситуации. Зборовите на Римскиот бискуп изговорени на 25 август годинава треба да се толкуваат во оваа смисла – напоменува нунцијатурата.
Ватикан њуз/к.мк