Марктл му се заблагодарува на папата Бенедикт XVI

Ватикан, 8.4.2013 /к.мк/ – На 16 април, кога почесниот папа Бенедикт XVI ќе го слави 86-от роденден, во неговата Горна Баварија, во родното место Марктл на Ин, почнува недела во негова чест.

Прославата почнува на 14 април со света Литургија во црквата свети Освалд, која ќе ја предводи парохот Јозеф Кајзер, јавува германската католичка новинска агенција КНА.

Во фоајето на општинската зграда на 5 април во 19 часот ќе се отвори изложба „Родното место Марктл му се заблагодарува на папата Бенедикт XVI за понтификатот од 2005 до 2013.“ На самиот роденден на Бенедикт XVI жителите на Марктл ќе се соберат во 4.15 часот во неговата соба во куќата каде е роден. После тоа следува процесија со свеќи до парохиската црква во која Рацингер само 4 часа по раѓањето е крстен како Јозеф Алојзиус.

Уто Мајер, професор во Ајхштет ќе одржи предавање на 18 април во 20.00 часот на темата: „Да се живее со ставови. Поттикнато од размислувања на Бендикт XVI за личната етика на животот”. Во туристичкото биро исто така ќе биде изложена книга во која посетителите ќе можат да ги запишуваат своите желби и благодарности до Бенедикт XVI, која подоцна ќе му биде предадена.

Б.У

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<