Ломбарди претседател на управниот одбор на „Рацингер“

По десет години служба како директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол патер Федерико Ломбарди е именуван за претседател на управниот одбор на ватиканската фондација „Јосиф Рацингер – Бенедикт XVI“.

По десет години служба како директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол и по завршувањето на последното апостолско патување на кое го придружуваше папата Фрањо во таа улога патер Федерико Ломбарди е именуван за претседател на управниот одбор на ватиканската фондација „Јосиф Рацингер – Бенедикт XVI“. На новото место патер Ломбарди е именуван од кардинал Пиетро Паролин, Папскиот државен секретар.

Фондацијата Рацингер е основана во 2010 година со цел промовирање на теологијата во духот на почесниот Папата, со што придонесува за осигурување на стипендии за студенти во цел свет. Исто така промовира формациски активности, организира конференции, семинари и теолошки конкурски по цел свет. Според изјавата од фондацијата сите нејзините научни и каритативни активности се во служба на Црквата и Папата. Претходниот претседател на управниот одбор беше монс. Џусепе Скоти чиј мандат му заврши на 31 јули оваа година.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот