Кустодијата на Светата Земја дава сместување за да го одржи живо христијанското присуство
Обезбедувањето сместување за достоен живот стана средство за одржување на живо христијанско присуство во Светата Земја.
Додека до средината на минатиот век Кустодијата на Светата Земја со своите парохии како секојдневна помош даваше „леб и масло“ денес заради различните потреби на населението, обезбедувањето на сместување или стан за достоен живот стана средство за одржување на живо христијанско присуство во Светата земја. Заради тоа Кустодијата на Светата Земја дава на располагање повеќе од 580 станови во Ерусалим – сместени внатре и надвор од стариот град – и 72 станови во Витлеем обезбедувајќи така сместување за повеќе од 2.000 лица. До сега пристигнале повеќе од 700 барања за стан меѓу кои најмалку 250 итни.
Оците фрањевци не земаат од нас ниту цент и не доаѓаат да бараат од нас да ги напуштиме домовите, рече Грациела Квамар христијанка која живее во стариот дел на Ерусалим, во сведоштвото кое е објавено на сајтот на Кустодијата на Светата Земја. Во таа зграда живеат повеќе од 20 семејства и ниту едно не плаќа закупнина – додава таа. Освен тоа Кустодијата обнови голем број станови. Живеам овде од 1961 година и очите фрањевци никогаш не барале да платам закуп – вели Грациела.
Оците фрањевци во Светата земја не се ограничуваат само на чување и заштита на камењата на тие свети места, туку се грижат исто така за „живите камења“ односно за локалните христијани, а посебно за оние кои се во тешкотии. Пример за тоа е ангажирањето на Детската куќа во Витлеем основана во 2007 година во која сега живеат 24 деца и малолетници кои се наоѓаат во посебно тешки социјални прилики.
Ватикан њуз/к.мк