КРСТНИОТ ПАТ НА НАШАТА ЦРКВА: Заклучок
4. Заклучок
Катехизмот на Католичката црква тврди „Црквата ќе (…) биде довршена во небесната слава“, со Христовото славно враќање. А до тој ден „Црквата на своето ходочастие напредува меѓу прогонството на светот и Божјата утеха“. Овде таа знае дека е во прогонство, далеку од Господ, и тежнее за потполно доаѓање на Царството, „за часот во кој ќе биде во слава соединета со својот Цар“. Довршувањето на Црквата, а по неа и на светот, во славата нема да се случи без големи искушенија. Само тогаш „сите праведни таму од Адам, од праведниот Авел се до последниот избраник ќе бидат соединети во сеопштата Црква кај Отецот“ (ККЦ 769).
Патот на Црквата ќе биде секогаш пат на ходочастие. Никогаш не смее да се заборави дека тука, на земјата, сме туѓинци и странци, кои не го поседуваат постојаното граѓанско право. Сепак, ако тоа го заборавиме, ако не сакаме да ја поседуваме таа вистина поради сопствено „Воздигање“, тогаш светот сам ќе не потсети на тоа дека нас навистина ќе не смета за туѓинци во своето општество. Поради тоа овој настан ни е порака, поука и поттик.