Пренесуваме интересен текст кој се споделува на социјалните мрежи, преземен од ФБ профилот на отец Христијан Кухар, а адаптиран од Католици.мк
Кој ги измисли трите основни правила за да нѐ заштити од КОВИД -19? Растојание, хигиена на рацете и користење на маска.
Овие закони му се дадени на Израелот пред 3500 години. Дали тоа го знаевте? Побарајте во Библијата!
Во книгата Исход 30,18-21 стои: Му рече Господ на Мојсеја, велејќи: »Направи и мијалник од бакар и подножјето негово нека е од бакар, за миење; постави го меѓу скинијата на сведоштвото и жртвеникот и налеј вода во него; и Арон и синовите негови од него нека ги мијат рацете свои и нозете свои со вода; кога влегуваат во скинијата на сведоштвото, нека се мијат со вода, и нема да умрат, или кога пристапуваат кон жртвеникот, да Му служат и да Му принесуваат на Господа жртва сепаленица; тогаш нека ги мијат рацете свои и нозете свои, за да не умрат кога влегуваат во скинијата на сведоштвото. Тоа нека им биде наредба вечна, нему и на потомството негово по него.«
Во книгата Левит 13,4-5 стои: Ако, пак, и отокот на кожата од телото негово побелел, и на поглед не спаднал, а влакната на кожата не побелеле, туку се темни, тогаш тој нека остане седум дена во темно место, а за раната свештеникот ќе одлучи во седмиот ден. А во седмиот ден нека ја види свештеникот раната; ако забележи дека раната останала таква каква што била и не се раширила по кожата, пак нека го одвои за седум дена.
Во книгата Левит 13, 45-46 стои На лепрозниот, кој има таква рана, облеката да му се раскине, и главата да му биде откриена, да биде забраден околу устата и да извикува: нечист сум! Сѐ додека ја има раната треба да се смета за нечист; тој е нечист и треба да живее одвоена; неговото жевеалиште да биде надвор од населбата.
И уште има такви кои се сомневаат дека книгата е книга на мудроста!