Концерт на МОБ во чест на Мајка Тереза

Македонската опера и балет во петок 23 септември 2016 година, со почеток во 20 часот во Катедралната црква „Пресвето срце Исусово“ – Скопје ќе приреди концерт во чест на канонизацијата на Мајка Тереза.

На концертот ќе настапат: Славица Галиќ-Петровска – сопран, Ивана Здравкова – сопран, Наде Талевска-сопран I, Ана Ројдева-сопран II и Николина Јаневска-мецосопран.

Диригент е Бисера Чадловска, режисер, Дејан Прошев, хор-мајстор, Јасмина Ѓорѓеска, а корепетитор Андреј Наунов.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот