Кон Рим се упатени околу 4.300 автобуси од цела Европа
Во сабота и недела, 26 и 27 април во Рим се очекуваат да пристигнат околу 4.300 автобуси, јавуваат австриските медиуми. Многумина ќе пристигнат со авиони, возови, комби или со сопствен автомобил.
Вода во шишиња за поклониците ќе делат околу 2.630 волонтери. Австриската полиција од Штаерска јавува дека околу 1.500 автобису со полски поклоници се на пат за Рим на канонизацијата на папите Иван XXIII и Иван Павле II, а поминуваат низ Австрија кон Италија.
Многу поклонички групи од Полска овие денови кои се на пат за Рим попатно се упатуваат и во автриското маријанско светилиште Маријацел, кое се наоѓа на околу 864 надморска висина.
Многу поклонички групи доаѓаат ненајавено. Секој ден во светилиштето овие денови се слави барем по една света Литургија на полски јазик
Лаудато/го*ко