Каритас Европа: Треба веднаш да се помогне на бегалците кои беа сместени во кампот Морија
По пожарот кој во целост го уништи бегалскиот камп Морија на грчкиот остров Лезбос ситуацијата за 12.000 бегалци е неиздржлива. Голем број луѓе лутаат на островот во потрага за нов кров над главата, храна и вода.
Никогаш како сега не било толку итно да се помогне на Морија за да се спречи дополнително влошување на ситуацијата на штета на оние кои бараат азил. Не можат да се мобилизираат само хуманитарните организации; потребна е интервенција од Европската унија за да се реши итната ситуација и за да се преселат 12.000 бегалци од Морија – истакнува Силвија Синибалди одговорна за хуманитарната помош од Каритас Европа. Додава дека пред сè потребни се одлуки кои го штитат достоинството на човекот.
Состојбата е полоша отколку непосредно после првиот пожар бидејќи избувна нов пожар кој уништи подрачја кои првиот не ги уништи и сега кампот целосно е уништен – напоменува Силвија Синибалди. Грчкиот Каритас настојува да воспостави договор со владата и да најде заедничко решение првенствено луѓето без кров над главата да го решат своето станбено прашање.
Каритас Европа неуморно се обидува да пронајде заеднички систем за распределба и солидарност меѓу членовите. Јасно ни е дека сè не може да биде на грбот на грчката влада, но ниту на грбот на државите од Средоземието како Италија. Во текот на следните денови европските лидери треба да се договорат за преземањето на одговорноста во светло на она што го бараше и папата Фрањо да се пружи добредојде и пред сè заштитата на бегалците кои во овој момент се наоѓаат по улиците на Морија, истакнува претставничката на Каритас Европа.
Исто така напоменува дека сите и оние во потешкотии често не се во состојба да бараат од Брисел итно да воведе поправеден систем. Според нејзините зборови тоа е срамно за Европа, а таквата ситуација трае веќе долго време откако бегалците започнаа да доаѓаат, а доаѓаат и понатаму. Единствено сериозни катастрофи како пожари можеби можат да ја пробудат свеста на Европа иако и понатаму пред важните европски прашања се затвораат очите не пронаоѓајќи за нив никакви решенија.
Претставничката на Каритас Европа на крајот упати апел и ги повика сите на надеж, тоа што се случи во Морија да се сфати како предупредување и еднаш засекогаш да биде знак на повторно раѓање затоа што камп како Морија – истакнува Силвија Синибалди – не би требало повеќе да постои никаде на светот. Затоа изразува надеж во заедничко решавање на ситуацијата на европско ниво кое човекот и неговото достоинство би ги ставиле во центарот.
Ватикан њуз/к.мк