Кардиналскиот совет расправаше за Ватиканската банка
Во Ватикан продолжува состанокот на папата Фрањо со кардиналскиот совет, формиран на 13 април минатата година, со задача да му помогне на Папата во управувањето со општата Црква и во разгледувањето на нацрт верзијата на Апостолската конституција ‘Pastor Bonus’, која се однесува за Римската курија. Во центар на состанокот во вторник, 18 февруари беше Ватиканската банка (ИОР), а после тоа, патер Ломбарди, управител на Канцеларијата за печат при Светата Столица одржа брифинг за новинарите.
По светата Литургија во домот Света Марта, на која со Папата сослужуваа и кардиналите, првиот состанок започна во 9.30 часот во присуство на Светиот Отец и државниот секретар Паролин. Три часа траеше известувањето на комисијата за Ватиканската банка, која ја предводи претседателот, кардинал Фарина. Пред сѐ е истакната – како што рече патер Ломбарди – целта на Ватиканската банка. Една од точките на кои работеше Комисијата и за која кардиналите многу размислуваа е и посланието на Ватиканската банка. Значи, прашања кои се однесуваат на установа на Светата Столица треба да се разгледува во односот со посланието на Црквата, на посланието во служба на Црквата во светот, а не едноставно од поглед на економска делотворност со ограничен поглед – напомена патер Ломбарди.
Комисијата за Ватиканската банка извести, и тоа опширно и општо за реалноста на таа установа, како и за проблемите и толкувањата на причините на минатите и сегашните проблеми кои треба да се решат. Освен тоа – рече патер Ломбарди – спомнати се некои упатства кои се однесуваат на можна обнова и на идната организација на самата установа. Меѓутоа, ова сѐ уште е период на проучување и анализа, па затоа не е донесена никаква одлука во врска со тоа, истакна директорот на Канцеларијата за печат при Светата Столица.
Одговарајќи на прашања на новинарите за некои наводни тешкотии во работата на Канцеларијата за финансиски информации (АИФ) во однос на делување на Ватиканската банка – вест која денес се појави во италијанските медиуми – патер Ломбарди ја истакна различната улога на тие установи.
Треба да се зема во обѕир големата разлика помеѓу Ватиканската банка која постои одамна и Канцлераијата за финансиски информации, која е потполно нова установа и претходно не постоеше – објасни патер Ломбарди. Знаеме дека таа канцеларија е исто така една од аргументите за која многу се зборува во извештаите на Манивал, бидејќи има одредена улога во надзорниот состав. Иако таа канцеларија е надлежна што се однесува на Ватиканската банка, таа е надлежна и за многу други установи. Поради тоа тие установи се две потполно различни работи – истакна патер Ломбарди.
На крајот, што се однесува за нова апостолска конституција, директорот на Канцеларијата за печат при Светаат Стоолица рече дека сѐ уште е рано да се мисли на скоро објавување на таков документ, бидејќи, иако работите брзо напредуваат, сепак треба да се разгледа уште многу голем материјал. И посебно што сѐ уште нема никакви најави за можна реформа на Ватиканската банка.
РВ/го*ко