Апостолскиот делител на милостина ја посети Северна Италија, каде ги посети социјалните институции и им се заблагодари на локалните добротвори.
Кардиналот Конрад Крајевски, Папскиот делител на милостина, неодамна ги посети северните италијански бискупии во близина на Милано за да им се заблагодари на најразлични луѓе и институции кои им помагаат на сиромашните и маргинзлизираните и да отвори нови прифатилишта во Кремона и Лоди. Во Милано тој се сретна со луѓе кои веќе шест години секој месец испраќаат големи колични храна во Рим. Во близина на Пјаченца, тој посети институција чии вработени редовно ги даваат своите купони за ручек на сиромашните.
Споделувајќи ги своите впечатоци од ова патување на крајот на Адвент во интервју за Радио Ватикан, кардиналот Крајевски рече дека „Исус веќе е роден“ на овие места. Тој зборуваше за посетата на затворот во Падова, каде има различни социјални иницијативи за 800 осуденици. На пример, среде затворот биле изградени пекара и слаткарница. Затворениците стануваат среде ноќ за да му обезбедат на градот свеж леб и пецива.
„Има и посебно претпријатие, кое може да се нарече градско биро за чистење, во кое се вработени оние кои веќе можат да заминат, односно оние кои ги отслужуваа последните година-две. Во оваа претпријатите во кое работат околу 400 лица не се само затвореници кои ја отслужуваат казната, туку и поранешни затвореници кои немаат каде да одат. Таму, заедно со нив, отслужив света Литургија на која присуствуваа околу петстотини луѓе“, рече апостолскиот делител на милостина, додавајќи дека тие едноставно биле заедно и ја доживеале Божјата посета.
Ватикан њуз/к.мк