Кардинал Рилко за успехот на Светскиот ден на млади

Ватикан, 17.7.2013 /к.мк/ – Претседателот на Папскиот совет за лаици, кардинал Станислав Рилко, директно е поврзан со случувањата како се одвиваат подготовките за Светскиот ден на млади. Тој е најбараниот соговорник и за Радио Ватикан со задоволство одговара на некои прашања.

Така веднаш одговори на прашањето за тајната на Светкиот ден на млади. Станува збор за огромен број млади луѓе кои токму во овој свет ја бараат полната смисла за својот жвиот и постоење и се уверени дека тоа може да и го даде само Христос и затоа Христос секогаш е средиште на собирот во заедничко размислување и славење, со молитви и песни.

Во врска со ова е и прашањеоот за скоро триесегодишниот период откако се одржуваат деновите на млади и има голема разлика помеѓу младите тогаш и денес, а кардиналот рече дека во почетокот имаше белези на идеолошки поделби како последица од 1968 година, а сега пак видлив е секуларизмот и релативизмот. Младите инстиктивно чувствуваат дека понудите од тие струи не ги исполнуваат, па се свртуваат кон Исус Христос, во кој вистински го препознаваат својот пат, вистината и животот.

И секој папа дава свој посебен белег за начинот на близина со младите и начинот на преобраќање, кажа кардинал Рилко. Очигледно е дека истото ќе се случи и со папата Фрањо во Рио. Веќе папата Иван Павле II говореше дека Црквата има што да им каже на младите, а исто така дека и младите имаат што да и кажат на Црквата. Обично се одбира и мото под кое се одвиваат деновите на млади, а овој пат мотото е евангелизаторско: „Одете и направете ги сите народи мои ученици.“

Што значи сето тоа е видливо од самото барање на Исус. Најпрво сите ние христијаните треба да бидеме Исусови ученици, да се храниме со неговата вистина, да се исполнуваме со неговиот живот, за да можеме токму него да го понудиме на оваа генерација. И тоа е тогаш одоговорот на младите за новата евангелизација. Радоста од средбата со Исус се зголемува во радоста на новите ученици. Тоа е плод и на бројни сведоштва на младите во текот на минатите светски денови на млади, но тоа исто така е и плод на тешко созревање и отстранување од разни лажни привлечности кои овој свет им ги нуди на младите. Поради тоа младите во тие денови препознаваат и зборови на одрекување, за крстот неопходност, кој е поврзан со новоста, а која секогаш се случува преку средбите со меѓусебни збогатувања и во зедничката средба со папата и секако средбата со Исус Христос, истакна кардинал Станислав Рилко. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<