Кардинал Паролин во август ќе ја посети Русија

Кардинал Паролин во август ќе ја посети Русија

Во август, Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин ќе ја посети Русија. За своето патуваше зборуваше во посебна емисија на Раи Ватинкано.

Одам во Русија како соработник на Папата. Како соработник на оној кој сака да гради мостови, за да направи во светот да има сѐ повеќе способност за взаемно разбирање, сфаќање, за дијалог, и за да се воспостави атмосфера и средина на праведност и мир – истакна кардинал Пиетро Паролин, Папскиот државен секретар, зборувајќи за своето патување во Русија, на кое ќе појде во август. Меѓу останатото, во програмата е предвидена и средба со претседателот Владимир Путин.

Препуштајќи се на водството на Духот – рече кардиналот во интервју за посебната телевизиска емисија на програмата на Италијанската радио телевизија Раи Ватикано, насловена „Фрањо, Папа на дијалог.“ Во случајот Русија – објасни кардиналот – да се градат мостови значи да се учествува во билатералните односи кои веќе постојат, а кои се однесуваат на активностите на Католичката Црква и дијалогот со Православната Црква. Но, нема да биде можно да не се осврне во контекст на меѓународните активности, во кои Русија е активно присутна, како што е на пример проблемот на Блискиот Исток, Сирија или Украина, каде бев минатата година – потсети кардиналот.

Осврнувајќи се потоа на дипломатската активност на Светиот Престол, за која Папата сака да биде вклучена во реалноста на овој свет во кој треба да се работи за мир, праведност и развој, државниот секретар го спомна дијалогот, и рече дека тој значи средба, познавање, разбирање. Тоа значи да се ставиш на местото на другиот, да го сфатиш неговиот став, и да пронајдеш подрачја кои одговараат и да се воспостави соработка.

Папата настојува да отвори нови патишта на братство – рече потоа кардиналот. Тој го допира човечкото срце и инсистира на лично обраќање и на значењето на милосрдието, што може да има терапевтска улога во односите меѓу народите и државите. Рушејќи ги ѕидовите на рамнодушност, имено Папата сака да има сѐ повеќе нови простори за средба и соработка, поаѓајќи од последните, од состојбата на материјално и духовно сиромаштво – рече кардинал Паролин. (…)

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот