Кардинал Гомез: Родовата идеологија го уништува општеството
„Родовата идеологија го уништува општеството“ – силна е пораката на каридинал Рубен Салазар Гомез, надбискуп на Богота во Колумбија, како одговор на одлуката на месното министерство за образование за ревизија на училишните учебници.
„Ние го одбиваме промовирањето на родовата идеологија во државните училишта“ – објасни кардиналот на прес-конференцијата –„затоа што се работи за идеологија која го уништува човечкото суштество, лишувајќи го од основната содржина на комплементарност на мажите и жените.
Нагласувајќи ја почитта на Црквата кон сите луѓе, независно на нивната полова ориентација, кардинал Салазар Гомез напомена дека „треба длабоко да се почитуваат сите луѓе, но без да им се наметнува било каква идеологија“. Поради тоа, повика на силна поддршка за семејството, која е „основна клетка на општествениот живот“.
Изминатите денови Колумбиската бискупска конфереција објави соопштение по прашањето за ревизија на училишните учебници. Во тој документ, бискупите како „основна вредност“ за општествен соживот го потврдуваат „почитувањето кон секој човек, без разлика на расата, полот, половата ориентација, потеклото, религијата или политичката определеност“. Бискупите меѓутоа предупредија дека колумбиското министерство за образование промовира родова идеологија во општеството, не срамејќи се дури ни за испревртување на уставната дефиниција за семејството.
Овој став – изјавија бискупите – е спротиставен на семејството како основна општествена институција, спортивставен е на дидактичката автономија на училиштето, спротивставен е на верската слобода, спротивставен е на правото на родителите да изберат кој вид на воспитување го сакаат за своите деца и спротивставен е на слободата на совеста.
Се разбира – нагласвуаат бискупите – „апсолутно е потребно да се промовира почитувањето кон сите луѓе и сите општествени средини, но тоа не може да значи наметнување на родова идеологија како норма“. Затоа бискупите ги повикаа сите свештеници во земјата да го „следат формирањето на совеста на верниците по тоа прашање“. На крајот, Црквата во Богота од владата побара да „ги слушне гласовите на милионите луѓе“ кои, без оглед на верската припадност, јавно го отфрлија наметнувањето на таа идеологија.
РВ/к.мк